ВМРО-ДПМНЕ ја поздравува средбата на Заев и Ципрас

– ВМРО-ДПМНЕ, во соопштение до медиумите, ја поздравува средбата меѓу премиерите на Република Македонија и Република Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас, оценувајќи дека директните контакти на двајцата премиери може да придонесат за продлабочување на односите и градење на позитивна клима меѓу двете земји.

– Во овој момент ВМРО-ДПМНЕ нема никаква информација за процесот на преговори околу проблемот кој што соседна Грција го има со нашето име. Оттаму, не знаеме дали најавите на Зоран Заев за преименување на аеродромот и автопатот се дел од некоја поширока стратегија за која што јавноста не е информирана или пак станува збор за едностран чекор на актуелната Влада на Република Македонија. Доколку е во прашање некаква стратегија, граѓаните очекуваат да бидат информирани за придобивките, а доколку станува збор за второто легитимна е загриженоста дека земјава прави еднострани отстапки, а не добива ништо, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ не гледа иредентизам во имињата на аеродромот и автопатот кои премиерот Заев најави дека ќе ги менува.

Македонските граѓани на вчерашната прес-конференција слушнаа многу работи, но не слушнаа на која држава е премиер Зоран Заев, а не слушнаа ниту на кој јазик говори или на кој народ му припаѓа, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *