Американскиот Сенат со 84 гласови „за“ и два против го ратификува Протоколот за членство на Република Северна Македонија во НАТО.
САД се 25-тата членка на НАТО што го ратификува Протоколот за пристапување на земјава во Северноатлантската алијанса.
Очекувањата се дека Протоколот наскоро ќе биде ратификуван од сите 29 држави членки и со тоа приемот на земјава ќе може да се официјализира пред Самитот на Алијансата закажан за 3 и 4 декември во Лондон.
Засега неизвесно е дали тоа пред Самитот ќе се случи во шпанскиот Парламент. Двата дома на Парламентот се распуштени. Изборите се закажани за 10 ноември, а доколку се помине како што треба новиот состав на Парламентот би се конституирал на 3 декември.
Земјите-членки на НАТО на 6 февруари го потпишаа Протоколот за пристапување на Северна Македонија во Алијансата. По ратификацијата на Протоколот во парламентите на сите 29 земји сојузници во Алијансата, Северна Македонија и официјално ќе стане полноправна членка.
This article had me laughing and learning! For additional insights, check out: EXPLORE NOW. Any thoughts?