Цивил: Не се потребни предвремени парламентарни избори

Здружението на граѓани Цивил – Центар за слобода смета дека воопшто не се потребни предвремени парламентарни избори. Доколу имаме предвремени избори тоа, како што велат, ќе претставува извесен ризик за земјата.

– Предвремените парламентарни избори во овој момент за земјата ќе донесат сериозни забавувања дури и стопирање на важни процеси, процеси на реформи без оглед на тоа дали некој во земјата смета дека тие се успешни или не. Сметаме дека треба да и се даде шанса на земјата да оди барем во еден нормален временски период по својот пат за да дојде евентуално до резултати по започнатите процеси и проекти, рече претседателот на Цивил, Џабир Дерала на денешната прес-конференција.

Според Цивил, притисокот од одредени политички структури и центри на моќта да има предвремени избори требаше да биде анулиран, игнориран од страна на институциите, односно од Владата. Ако има избори економијата може да доживее пад, реформите ќе бидат забавени или сопрени, ќе има проблем со развојот на институциите што се занимаваат со социјалната правда и мерките што се однесуваат на минималната плата…

– Цивил бара од институциите и од политичките центри на моќта да ја преиспитаат својата одлука да се оди на избори на 12 април и изборите да се спроведат најдоцна во јануари, а по можност и во декември. Тоа се брзи предвремени избори, а не април 2020 година, рече Дерала.

Тој потсети дека е потребно подготвување нов Иборен законик кој, како што рече, е како швајцарско сирење, во него повеќе се користат дупките за да се спроведуваат одредени активности во изборните процеси, отколку самите законски решенија.

Дерала рече дека избирачкиот список е во многу лоша состојба. Ако се оди на брзи предвремени избори, веруваат дека институциите имаат капацитет да спроведат „какви такви избори“.

Цивил апелира политичките партии малку да намалат со интензитетот на кампањите и во нив сосема да го исклучат говорот на омраза и лажните вести, како и децата да бидат надвор од политиката.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *