ЛДП: Кузмановска да ја продолжи расправата за буџетот

Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ и претседателка на Комисијата за финансирање и буџет, Лилјана Кузмановска, втор ден ја одложува седница на Комисијата со што им го ускратува правото на пратениците да го искажат својот став за предлог буџетот за 2018 година.

Според Деловникот за работа, расправата требаше да трае 10 работни дена, но Кузмановска освен што соопшти дека ја одложува на неодредено време, не се потруди да каже кои се причините за нејзиното одложување, ниту пак кога ќе биде закажано продолжението на седницата.

Оваа постапка на Кузмановска, иако не не зачудува, покажува колку и’ е важен буџетот и функционирањето на Комисијата. Со ова, опозицијата и во пракса докажува дека партиските интереси ги поставува над државните, заборавајќи на интересите на граѓаните.

Со оваа нивна постапка се потврдува дека опозицијата нема аргументи со кои ќе го критикува буџетот и од таа причини ја одлага дебатата за буџетот.

Во интерес на граѓаните, ЛДП ја повикува претседателката на Комисијата за финансирање и буџет веднаш да го закаже продолжението на седницата на која ќе се дебатира за буџетот на Република Македонија за 2018 година.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *