Влада: Институциите имаат целосен кредибилитет и одговорност да ги расветлат случувањата во Собранието

Владата смета дека институциите имаат целосен кредибилитет и одговорност да ги расветлат случувањата во македонското Собрание од 27 април годинава поради потребата од правда и владеење на правото, изјави денеска владиниот портпарол Миле Бошњаковски.

– Сметаме дека институциите имаат должност да го расветлат случајот заради потребата од правда и владеење на правото во Република Македонија и никогаш повеќе да не се повтори такво нешто, рече Бошњаковски, одговарајќи на новинарско прашање.

Во врска со вчерашната средба кај претседателот Иванов на која присуствуваа премиерот Зоран Заев и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, владиниот портпарол посочи дека станува збор за редовна појава во рамките на едни демократски процеси.

– Поканата дојде од претседателот Иванов и премиерот Заев беше присутен на таа средба. Таму се разговараше за сите отворени прашања и настани што се случуваа овие денови, рече Бошњаковски по денешната средба со новинарите во Владата на РМ.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *