Нова водоводна и канализациска мрежа и за социјалните згради во Пробиштип

омплетно е завршена водоводната и канализациска мрежа во Урбан блок 7.5. во градот Пробиштип, информираше денеска Бобан Стојмировски од Кабинетот на градоначалникот на Општина Пробиштип.

Локалната власт досега има инвестирано околу 1.800.000 денари во изградба на комплетна нова водоводна и канализациска мрежа, каде што интензивно се градат двете социјални згради. Канализациската мрежа во должина од речиси еден километар и водоводна мрежа од 570 метри е за 13 станбени згради, од кои четири се веќе изградени, потоа за 11 парцели за лесна и незагадувачка индустрија и за 15 постоечки куќи, но и за две нови парцели.

Извршено е приклучување на новоизградената водоводна линија со градската водоводна мрежа на почетокот на ул. “Рударска”. Направени се две нови приклучни шахти на кои ќе се приклучат дел од парцелите, напревен е отсек за приклучок на социјалните згради, кои се во изградба, и уште еден отсек за останатите плацови наменети за станбено домување , вели Стојмировски.

Тој додава дека  канализациската мрежа е приклучена на главниот колектор на ул. “Миро Барага”. Со ова сите парцели од Урбан Блок 7.5. веќе имаат можност за приклучок на водоводна и канализациска мрежа.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *