Расчистени 120 кубни метри отпад од диви депонии во Шуто Оризари

ЈП „Комунална хигиена“- Скопје денеска завршува со реализацијата на есенските акции за генерално чистење на скопските општини.Последната акција е во Шуто Оризари, од каде се отстранети покрај другото и 120 кубни метри отпад од диви депонии.

Последната есенска акција за чистење, како што соопштуваат од претпријатието, се спроведува во општината Шуто Оризари, каде што екипите на Претпријатието вршат рачно и машинско миење и метење на булеварите и улиците, а отстранети се и вкупно 120 кубни метри отпад од диви депонии.

ЈП „Комунална хигиена“-Скопје, наведуваат во соопштението, организираше и чистење на дворовите на сите градинки, основни и средни училишта во оваа скопска општина.

Градоначалникот на општината Шуто Оризари, Курто Дудуш, помошник-директорот на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје, Етула Амети и раководителот на Секторот за комунална хигиена, Зекирија Незири, денеска учествуваа на еко-предавањето во ООУ „Браќа Рамиз и Хамид“, каде што учениците беа информирани за активностите на претпријатието, како и за штетните последици од неправилното постапување со отпадот.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *