Исчистени неколку километри од кејот на Вардар во еко-акција

Во најновата еко-акција, што се спроведе денеска во рамки на повеќегодишната платформа „Рециклирате ли!?“, од патеките и бреговите на двете страни на реката Вардар во скопските општини Аеродром и Гази Баба, беше собран целиот сув отпад кој понатаму ќе биде соодветно селектиран и рециклиран. За вадењето на отпадот од реката, пак, се погрижија нуркачите од спелеолошкото друштво „Врело“.

Во еко-акцијата спроведена од волонтерите на Пивара Скопје, се вклучија амбасадорите на Холандија, Велика Британија и САД, Дирк Јан Коп, Рејчел Галовеј и Кејт Бернс со членови на персоналот на амбасадите, а поддршка добија и од волонтерите од СОС Детско село и Стопанската комора на северозападна Македонија. Акцијата ја поздрави и градоначалникот на Гази Баба.

По повод еко – акцијата, генералниот директор на Пивара Скопје, Дан Тимотин истакна дека и оваа акција, е во склоп на нивните заложби за „Свет без отпад“, а изрази задоволство што со секоја нова акција се зголемува бројот на нивните партнери кои ги делат истите вредности.

-Со ваквите волонтерски активности кои ги организираме заедно со нашите партнери, сакаме да упатиме јасна порака и апел до целата заедница дека сите треба да го преземат својот дел од одговорноста и повеќе да се ангажираат во решавањето на проблемот со загадувањето, со што ќе создадеме одржлива иднина за нас и за идните генерации, потенцираше Тимотин.

И Ико Бардаросвки, директор во Пакомак, се согласи дека одговорноста и обврските за решавање на предизвиците поврзани со заштитата на животната средина треба да бидат рамномерно распределени на сите засегнати субјекти во општеството. Според него, постојат компании и субјекти кои пласираат различна амбалажа на пазарот и генерираат отпад, а не учествуваат во финансирањето на системите за негово собирање и рециклирање, ниту ѝ плаќаат на државата за тоа, со што, вели, директно го оштетуваат буџетот и животната средина.

-Ова е проблем кој мора соодветно да се адресира и да се решава, изјави Брдароски.

Ова е четврта еко-акција спроведена во рамки на Платформата „Рециклирате ли!?“, која е наменета за подигнување на јавната свест за потребата од собирање и рециклирање на отпадот. Првата волонтерска акција се реализира во 2016 година, а покрај чистење на кејот на реката Вардар, се чистеше и околината и водите на езерото Матка. Пакомак е специјализирана компанија за управување со отпад од пакување.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *