Почна поставувањето на челичниот мост на реката Брегалница, кој е дел од новата обиколница од улицата „Борис Крајгер“ до булеварот „Гоце Делчев“. Со поставувањето на мостот, кој тежи 240 тони завршува и изградбата на првата и втората фаза од новата обиколница, која треба да го анулира сообраќајниот хаос, кај Градскиот стадион, но и по булеварот „Гоце Делчев“, кој е влез и излез на градот.
Градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски на денешната прес-конференција истакна дека двете фази на обиколницата чинат 58 милиони денари или речиси еден милион евра, средства обезбедени од општинскиот буџет.
-Се работи за сериозна конструкција и инвестиција, за којашто требаше време да се завршат сите ревизии и постапки, со цел оваа конструкција да биде заверена од проектанти, ревиденти, од сите оние стручни лица коишто се вклучени во изработката на овој проект, за да веќе денес гледаме дека навистина бргу оди монтажата на оваа сериозна мостовска конструкција, којашто е со огромен распон од 60 метри, без никакви потпори во средината. Токму заради тоа можам да кажам дека и ќе биде еден вид на украс на градот, вели Бочварски.
Сопственикот на фирмата „Актива“, Иле Николов рече дека во неговата фабрика се произведени сите челични елементи на мостот, а причината зошто досега не беа поставени е во проблемите со проектната документација, коишто веќе се и надминати.
-Со монтажа на елементите е отпочнато пред седум дена, се надеваме дека во текот на денешниот ден ќе завршиме со монатажа на долниот строј на главните носачи на челичниот мост и веќе од утре се започнува на лачните носачи, што се на самиот мост. Така да се надеваме дека до крајот на оваа недела ќе успееме да ја завршиме монтажата на сите конструктивни елементи. Најверојатно во текот на наредната недела ќе се монтираат секундарните елементи, после тоа следи бетонирање на коловозната плоча и припрема за асфалтирање на коловозната плоча на самиот мост, вели Николов.
Очекува до крајот на ноември мостот, но и новата улица да биде пуштена за сообраќај. Според проектот мостот е широк десет метри, од едната страна ќе има и тротоарна површина, по којашто ќе се движат пешаците. Штип по 60 години добива нов мост на реката Брегалница , којшто ќе биде и единствен патнички лачен мост во земјава. Николов смета дека градот Штип заслуужува да добие еден ваков мост, којшто освен што ќе го реши сообраќајниот хаос ќе претставува и украс на градот, но и побрз транспорт и комуникација на жителите од населбите, Автокоманда, Сењак, Дулак, Дузлачки рид, Баби со индустрискиот дел и излезот на градот кон Велес и Скопје.
Wow, incredible weblog layout! How lengthy have you been blogging for?
you made running a blog look easy. The overall glance of your site is magnificent, as smartly as the content!
You can see similar here e-commerce
Howdy! Do you know if they make any plugins to help with SEO?
I’m trying to get my blog to rank for some targeted keywords but I’m not seeing very good success.
If you know of any please share. Thank you!
I saw similar article here: Auto Approve List