ЈП „Комунална хигиена“ генерално ја чисти Општина Кисела Вода

ЈП „Комунална хигиена“ –Скопје денеска започна генерално чистење на Општина Кисела Вода во рамките на есенските акции што ги спроведува комуналното претпријатие во скопските општини.

Со 30 работници на терен, три автоцистерни и две специјални комунални возила-метларки се врши рачно и машинско миење и метење на главните и на општинските улици, а воедно екипите од јавното претпријатие ги отстрануваат и дивите депонии во оваа скопска општина.

-Во рамките на акцијата беа спроведени и активности за чистење на дворовите на градинките, средните и основните училишта, додека за учениците од ООУ „Кирил Пејчиновиќ“ беше организирано еко-предавање за правилно постапување со отпадот, соопшти ЈП Комунална хигиена.Почетокот на акцијата го означија градоначалникот на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски, претседателката на Управниот одбор на ЈП „Комунална хигиена“, Маја Шајновска Андова, како и раководителот на Секторот за ИТ, квалитет и развој, Славко Ружиновски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *