Нимиц прво во Атина, па во Скопје

Медијаторот Метју Нимиц, според неофицијалните информации на МИА од Атина, во вторник на 30 јануари ќе ја посети грчката престолнина. Информацијата официјално не е потврдена исто како што и нема потврда со кој ќе се сретне во Грција.

Како што претходно објави МИА, специјалниот претставник на ОН, на 31 јануари ќе пристигне во Скопје, а веќе следниот ден ќе има средби со државниот врв. Агендата за неговата посета сѐ уште е во фаза на услогласување.

Македонската Влада денеска потврди дека следната недела Нимиц ќе дојде во Македонија и дека во моментов тече координацијата помеѓу двете влади околу ова прашање.

На последната рудна разговори за името што се одржа на 17 јануари во Њујорк медијаторот Нимиц излезе со сет сугестии и предлози и оцени дека на повидок е решение на долгогодишниот спор меѓу Грција и Македонија.

Во меѓувреме, Владата ги почна консултациите и анализата на предложената рамка на Нимиц. По денешната прва директна средба на премиерите на Македонија и на Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас, во Давос, најавена е координација на македонскиот државен и политички врв во сабота во Клубот на пратениците во Скопје.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *