Почна изградбата на новата пречистителна станица во Битола

Почна изградбата на новата пречистителна станица во Општина Битола, која треба да заврши  напролет.

Увид денеска извршија заменик-министерот за животна средина и просторно планирање, Јани Макрадули и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска.

Изградбата на пречистителната станица финансиски е помогната со средства од Министерството за животна средина и просторно планирање, буџетот на Општина Битола со над 15.000.000 денари, УНДП со над 9.000.000 денари.

Градоначалкичката на Општина Битола Шетровска истакна дека овој проект не само што ќе придонесе за заштита на животната средина, туку и ќе го придвижи развојот на туризмот во најстариот Национален парк во државава.

– Колекторскиот систем заедно со испустот е некаде околу 2.029 метри, кој што ќе овозможи отпадните води кои што досега не биле третирани од потпелистерието да бидат опфатени како што доликува и како што налагаат светските стандарди. Ова покажува дека вршиме навистина сериозен пристап кон понатамошниот развој на потпелистерието во однос на туризмот. Затоа ме радува што денеска имаме ваква фаза на имплементација на овој проект, кој што во пролетниот период треба да биде завршен, рече Петровска.

Заменик-министерот за екологија Јани Макрадули изјави дека изградбата на перечистителната станица е во рамки на проектот за подобрување на управувањето на заштитените подрачја со капацитет 500 еквивалент жители.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *