Советот на општина Велес донесе одлука за итни мерки за намалување на загадувањето на воздухот

Како што инфомираат од Општина Велес, Советот на Општината на вчерашната седница донел одлука за донесување итни мерки за намалување на загадувањето на воздухот во општината од 2018-2022, како составен дел од Планот за квалитет на воздухот.

Како што денеска информира Орце Николов портпарол на општина Велес, првата мерка е да се информираат правните и физички лица дека користењето на несоодветни и опасни материи – гуми, пластика, делови од мебел, масло од автомобил со нив е забрането да ги греат своите домаќинства и деловни и работни простории.

Втората мерка е забрана за палење оган на отворено, контејнери, стрништа. Како трета мерка им се забранува за трговските и угостителски објекти доставување и однесување на стока до објектите надвор од одредениот режим.

Со овие мерки на домаќинствата и колективните станбени згради и јавни установи се должни да вршат редовно чистење на оџаците. Како петта мерка му се препорачува на ЈКП „Дервен“ да врши редовно миењена улиците и тротоарите во вонредни околности-при зголемено аерозагадување.

Се препорачува на граѓаните користење на јавен превоз и едно возило за повеќе лица.

Воедно и се наложува на Општина Велес да дистрибуира летоци со содржини за начинот на користење на ложиштата и складирање на огревниот материјал. Се задолжува Општина Велес преку комуналните редари да врши ефективна контрола на загадувањето и по пријава од страна на граѓаните.

Воедно Општината преку надлежните органи како полицијата се задолжува да врши почесто регулирање на сообраќајот на главните сообраќајници. Воедно МВР, СВР, да ги упатат возилата на дополнителен технички преглед, а посебно тешките товарни возила.

Со овие мерки им се наложува на индустриските капацитети да го намалат своето производство посебно во попладневните часови кога загадувањето е најголемо како и да се врши зголемена контрола од страна на инспекторите за животна средина.

Воедно се повикуваат и сите граѓани од општината да пријават секое палење на гуми кабли, отпад, на стриништа, пластика или друг опасен отпад на бројот 192.

Во случај на екстремно загадување-поминување на прагот на алармирање најавено од општината,им се препорачува на граѓаните да останат во своите домови.

За потсетување порано Велес беше најзагаден град во земјава како последица од загадувањето на Топилницата за олово и цинк,а која не работи цели 14 години.

Иако последниве 14 години Велес не е најзагаден град во земјава, загадувањето на воздухот сеуште постои од депонијата на згур, а која е последица на тридецениското работење на Топилницата. Со секој поголем ветер од опасниот рид низ градот се растура згура со опасни загадувачки честички од олово, цинк и други тешки метали, кои го загадуваат и воздухот.

Воедно Велес честопати е загаден и со опасните ПМ честички како последица од загадувањето од возилата, како и загадувањето од оџаците од домаќинствата и фабриките поради несовесно користење на несоодветни горива за затоплување на објектите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *