Под мотото „Don’t Worry, Be Ohrid!” од утре па наредните четири дена во Охрид ќе се одржува четвртиот Интернационален гастрономски натпревар „Гастро Мак”.
Овој континентален гастрономски настан е во организација на Националната асоцијација на готвачи и шефови на кујни од Рeпублика Северна Македонија, поддржана од Министерството за култура и Општина Охрид.
Најавено е учество на над 300 професионални и аматерски готвачи, над 90 лиценцирани судии од Светската асоцијација на здруженијата на шефови на кујни, гастрономски амбасадори и почесни гости од 30 светски земји. Годинешен претседател на судскиот тим е славниот хрватски готвач Стево Карапанџа.
Покрај предвидените активности во рамки на натпреварувачкиот дел ќе бидат организирани и презентации за сите гурмани од нашата, но и од другите интернационални кујни.
Во рамки на програмата, на 12 октомври е предвидено е одржување на „Фиш фест“ кога професионални готвачи со „мишелин“ ѕвездички ќе приготвуваат скара на отворено, а нивните креации ќе можат да ги дегустираат посетителите на манифестација.