Тркалезна маса за лидери на високи позиции за хибридните закани поврзани со информациите

Втората Тркалезна маса за лидери на високи позици, хибридните закани поврзани со информациите,  финансирана од програмата Наука за мир и безбедност и коспонзорирана од Министерството за одбрана на САД ќе биде официјално отворена денеска во Охрид.

Тркалезната маса се одржува до 12 октомври, а денеска на официјалното отворање  ќе учествува и министерот за информатичко општество и администрација Манчевски.

За време на тркалезната маса фокусот ќе биде на хибридните закани поврзани со информациите и заканите што влијаат на политичките, територијалните и/или економските аспекти на една земја или Алијансата преку кинетички, некинетички или комбинирани средства со користење на информациите,  дезинформациите, неинформирањето и медиумите – традиционалните или социјалните.

На тракалезната маса ќе земат учество лидери на високи позиции од над 20 држави од Европа, од САД и од НАТО.

Главен предавач ќе биде господинот Марк Лајти, директор на Секторот за комуникации при Врховниот штаб на НАТО сојузничките сили во Европа (SHAPE). 

Тркалезната маса е во организација на  Џорџ Мејсон Универзитетот (George Mason University) од САД, Воена академија „Генерал Михаило Апостолски “ Скопје и Факултетот за криминалистика, криминологија и безбедносни студии од Сараево.

 

17 thoughts on “Тркалезна маса за лидери на високи позиции за хибридните закани поврзани со информациите

  1. This was a fascinating read! The author did a fantastic job. I’d love to discuss this topic further. Click on my nickname for more engaging content!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *