Јанушев во Виница во рамки на караванот на ВМРО-ДПМНЕ

Како дел од караванот „Разговори за обнова на Македонија“ денес сме овде во Виница да ги слушнеме проблемите на граѓаните на Општина Виница, да го нотираме сето тоа, да понудиме решенија за истите, кои што ќе бидат дел од програмата на ВМРО-ДПМНЕ на претстојните предвремени парламентарни избори.

Од она што имам прилика да го видам денес во Виница од разговорите со граѓаните е дека оваа криминално рекетарска власт предводена од Заев буквално нема реализиран ниту еден капитален проект.

Она што се најдобри, тоа продолжуваат да го прават, а тоа е да продолжат да лажат и да манипулираат со граѓаните.Она што е како еклатантен пример во Виница нешто на што ги добија односно освоија одреден број на гласови на претходните избори е дека ќе го запрат иселувањето е можеби најевидентно токму овде во Виница. Колку е добра целата ситуација во Република Македонија и колку СДСМ и Заев се на добар пат имаме еден добар пример да видиме токму овде.

Значи градот е скоро празен, народот се иселува. И не се иселуваат само оние што не можат да најдат работа туку се иселуваат буквално луѓе кои што имаат добри работни места се затоа што во Македонија нити има правна држава, нити има правна сигурност.И тоа е нешто за што ние како ВМРО-ДПМНЕ, како нова влада која што ќе ја формираме после изборите ќе треба сериозно, сериозно да преземеме акција, да преземеме мерки.

Она што дополнително го прават е да се фалат и да манипулираат и понатаму со граѓаните.И такви се примерите со пречистителната станица и спортската сала во основното училиште „Славчо Стојменски“ кој што се обидуваат да си ги препишат како проекти кои што тие ги направиле.

Меѓутоа народот е овде паметен знаат значи кој ги почнал, знаат кој ги правел тие работи.И се доволно, доволно на едно ниво за да можат тоа да го препознаат и да знаат на кого треба да ја дадат поддршката.

 

One thought on “Јанушев во Виница во рамки на караванот на ВМРО-ДПМНЕ

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *