Втората Тркалезна маса за лидери на високи позици, хибридните закани поврзани со информациите, финансирана од програмата Наука за мир и безбедност и коспонзорирана од Министерството за одбрана на САД ќе биде официјално отворена денеска во Охрид.
Тркалезната маса се одржува до 12 октомври, а денеска на официјалното отворање ќе учествува и министерот за информатичко општество и администрација Манчевски.
За време на тркалезната маса фокусот ќе биде на хибридните закани поврзани со информациите и заканите што влијаат на политичките, територијалните и/или економските аспекти на една земја или Алијансата преку кинетички, некинетички или комбинирани средства со користење на информациите, дезинформациите, неинформирањето и медиумите – традиционалните или социјалните.
На тракалезната маса ќе земат учество лидери на високи позиции од над 20 држави од Европа, од САД и од НАТО.
Главен предавач ќе биде господинот Марк Лајти, директор на Секторот за комуникации при Врховниот штаб на НАТО сојузничките сили во Европа (SHAPE).
Тркалезната маса е во организација на Џорџ Мејсон Универзитетот (George Mason University) од САД, Воена академија „Генерал Михаило Апостолски “ Скопје и Факултетот за криминалистика, криминологија и безбедносни студии од Сараево.