На 17-от Салон на стрип во Велес нема да се додели првата награда „Златен стрип“

На годинашниот 17-от по ред Салон на стрип во Велес кој го организира СЦМ-Велес годинава поради ограничен буџет за првпат ќе изостане доделувањето на првата награда „Златен стрип“ која е парична и изнесува 200 евра, но затоа ќе се доделат втора и трета и останати награди и признанија кои не се парични.

Како што појаснуваат за МИA од СЦМ-Велес доделувањетна првата награда за првпат ќе изостане поради скратување на буџетот за оваа традиционална стрип манифестација, а која се организира со поддршка на Опшина Велес и Министерството за култура.

Инаку на традиционалниот интернационален стрип конкурс „Велес 2019“ годинава учествуваа стрип автори со 175 стрип дела од целиот свет.

Како што појасни Томе Трајков од СЦМ-Велес, на предлог од извршниот директор на СЦМ, Ване Трајков, Комисијата за избор на награди со цел за зачувување на традицијата и почит кон трудот на стрип авторите во светот, одлучија второ место и признание да добие   Кирси Салонен – Финска за стрипот за стрипот HIGH MAGIC и Џеф Дејер, Владимир Кузманов-САД за стрипот –  REDDO.

Третото место е за Андромеда Дасар – Албанија за стрипот SNAKE TRUE LOVE FOR EVER, Навид Булбулија-БИХ за стрипот VANILLA BLACKHOLE и за Исмет Ердиќ за стрипот KARIJANG.

Седумнаесеттиот Стрип салон во Велес ќе биде отворен на 16 октомври во Ликовниот салон во Велес. Освен пристигнатите стрип дела по распишаниот конкурс од цел свет на Стрип салонот ќе бидат изложени и стриповите, а кои беа изработени од млади стрип автори учесници на годинашната Стрип колонија „Велес 2019“ во Велес.

Стрип салонот е завршница од проектот Интернационална Стрип колонија „Велес 2019“, финансиран од Општина Велес и Министерството за култура, што се одржа од 21 до 25 август во куќата на уметноста – Куќата на Касапови во Велес.

На неа освен од земјава учествуваа и млади стрип автори од Хрватска, Словенија, Грција и Финска.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *