Организацијата „Вешта Жена“ отвори нова канцеларија во Тетово за активности од хуманитарен карактер

Организацијата „Вешта Жена“ покрај натпреварите за готвење го проширува дејствувањето со активности од хуманитарен карактер, а за таа цел се отвори и нова канцеларија во Тетово.  Канцеларијата ќе биде место за координација, зачленување и комуникација со побарувачи на услуги.

-Се отвора канцеларијата поради потребата поврзана со активностите со хуманитарен дел – чување на деца и стари лица, за што преку локалната самоуправа добивме проект кој се реализира. Обучени се 50 медицински сестри за чување на стари лица и деца до 2 години кои не се во можност да одат во градинка, изјави Снежана Стојановска, претседателка на „Вешта жена“.

Покрај примарната активност во подготовки и презентирање на готвени јадења, хуманитарната дејност ќе се проширува од социјален аспект.

-Еднаш месечно тука ќе има настани во делот на надминување на сиромаштија и исхраната, рече Стојановска.

Претставнички на ограноци на „Вешта жена“ учествуваа и на годишното собрание на здружението со дневен ред: организација на манифестациите Вешта жена и Етно вешта жена, како и други настани како патувања и едукации. Канцеларијата е на булевар „Благоја Тоска“ во близина на трговскиот комплекс „Тетовчанка“.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *