До крајот на февруари, Владата ќе донесе одлука која е најдобрата опција за изградба на Универзитетскиот клинички центар „Мајка Тереза“ во Скопје.
Портпаролот на Владата Миле Бошњаковски на денешниот редовен брифинг со новинарите истакна дека изградбата на Клиничкиот центар е еден од клучните приоритети на Владата.
Инвестицијата ќе чини 120 милиони евра од кои 70 милиони евра се кредит од Банката на Советот на Европа, а останатите од Буџетот на Република Македонија. Рокот на изградба на новиот објект е три ипол години и година ипол за реконструкција на постојната зграда на хируршките клиники.
– Во новиот објект ќе бидат инкорпорирани 21 клиника, а на постојните локалции ќе останат Клиниката за детски болести, кардиологија, Инфективната клиника и Клиниката за максилофацијална хирургија, истакна Бошњаковски.