Царинската управа ги обезбедува документите за беровскиот граничен премин „Клепало“

Царинската управа на Република Северна Македонија во моментов ја обезбедува документацијата за објектите на граничниот премин „Клепало“, кај Берово, информираше денеска директорот на оваа институцијата, Ѓоко Танаскоски при посетата на штипски компаниии, но и средба со градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски.

Забележува дека како институција се во контакт со Министерството за транспорт и врски и со Катастарот, со цел да се прибере целата документација. Треба да се дефинира од која категорија ќе биде преминот, но и како ќе функционира.

-Во наредниот месец ние ќе видиме што недостига од тие документи, бидејќи да бидам отворен од претходното раководство, односно од претходната владејачка гарнитура не беа оставени документи, кои едноставно би ги дале да бидат во сопственост на Царинската управа, како и ние би постапувале согласно нашата надлежност на граничните премини, сега работиме на тоа и во првиот момент кога ќе ги обезбедиме, јас верувам дека одма и ќе обезбедиме средства, како би и извршиле санација и интервенција на објектите да ги оспособиме што побргу, вели Танаскоски.

Очекува дека до крајот на годината ќе се обезбеди комплетната документација, со што Владата би влегла во фаза на буџетирање, односно обезбедување на средства за санција на објектите. Но пред да се среди документацијата, треба да се разговара и со бугарските институции на оваа тема и кои се нивниоте планови за инвестиции. Инаку објектите на граничниот премин „Клоепало“, кои со години не се користат се во лоша состојба, но овој премин е надеж за граѓаните на Малешевскиот регион, кои веруваат дека со неговото ставање во функција ќе имаат поголем број на туристи, а ќе се успори процесот на миграцијата на населението.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *