МАКЕДОНИЈА НАЈМАЛКУ МЕЃУ ПРИВИЛЕГИРАНИТЕ

Без оглед на тоа што ќе се случи на натпреварите со Чешка и Данска на ЕП во Хрватска, македонската ракометна репрезентација ќе биде во привилилегираниот шешир во ждрепката за СП 2019 година во Германија и Данска.

Имено, по поразите на Србија и Белорусија, стана јасно дека Македонија на ова ЕП може да биде најмалку десетта, што ја носи во привилегираниот шешир. Во баражот, во вториот шешир ќе се најдат репрезентации кои не успеаја да влезат во напредната фаза на ова ЕП или пак кои воопшто не успеаја да се пласираат на ова ЕП.

Па сепак иако и тој развој на настаните е добар за нашиот национален тим, сеуште постојат големи шанси да се најдеме во полуфиналето на ова ЕП, доколку ги победиме Чешка и Данска.

Ждрепката ќе се одржи во сабота во Загреб, ден пред финалниот натпревар на ова ЕП.

SHARE