Српскиот претседател Александар Вучиќ по посетата на Њујорк, говорејќи за иницијативата за „Мал Шенген“ и поблиската економска соработка на Западен Балкан преку отстранување на бариерите, изјави дека ова не е прашање за обединување, затоа што секогаш кога се споменувало обединување, некои почнуваат да зборуваат за српска хегемонија.
Во врска со ова, тој нагласи дека Србија наскоро ќе биде економска машина на регионот, па затоа има таква реакција на оваа идеја.
Тој оцени дека е важно земјите и луѓето од регионот да разберат дека имаат корист ако државите од регионот настапуваат како блок, затоа што така ќе бидат многу повеќе почитувани во Европа.
– Вишеградската група, на пример, може во секое време да ги разреши Тимерманс и Вебер. Европскиот парламент може да не прифати претставник на Унгарија за Европската комисија, но не може да спречи да биде од таа земја. Нивната сила е огромна, многу голема, а ние одиме по трошки, напаѓајќи го другиот од регионот, задоволувајќи се со тоа што на големите нешто лошо ќе кажеме за другите, а големите потоа кажуваат дека секогаш ќе го држат нашиот регион во кавга, за да можат да прават што сакаат и да ги извлекуваат сето богатство, рече тој.
Вучиќ повика на намалување на оперативните трошоци со тоа што ќе се ослободат границите за товарните возила. Според него, нема да биде лесно да се постигне ова, но постои договор меѓу него и премиерите на Албанија и Северна Македонија.
– Ние ќе одиме со таа иницијатива за 15-тина дена, на средбата во Србија. Верувам дека ова е важно. Потоа, ќе одиме во Северна Македонија, Албанија и ќе одиме да се обидеме ова да го истуркаме. Потоа, ќе се обидеме во ова да ги вклучиме Приштина и БиХ и тоа би било нешто како „ЦЕФТА плус плус“. Сè што ќе постигнеме би значело зајакнување на нашите економски перформанси, претставување на единствени пазар, што ќе доведе до доаѓање на многу повеќе инвеститори и да создавање на поповолна атмосфера за развој, изјави Вучиќ.