Шекеринска бара поголема агилност од ЕУ во однос на поврзаноста во регионот

 Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, која учествуваше на форум посветен на поврзаноста во Европа и Евроазија, побара од Европската Унија да покаже поголема агилност и амбициозност.

Министерката побара поголема агилност од европските структури во процесот на интеграција во Унијата со цел развој на железничката инфраструктура во регионот бидејќи сите земји од регионот се борат со климатските промени и загадувањето на животната средина , соопштија од нејзиниот кабинет.

 Претседателот на Европската Комисија, Жан Клод Јункер, кој беше домаќин на Форумот за европска поврзаност, свечено го потпиша и првото Партнерство за поврзаност помеѓу ЕУ и Јапонија. На настанот, покрај јапонскиот премиер Шинзо Абе, беа поканети и хрватскиот Андреј Пленковиќ и финскиот премиер Анти Рине.

– Европската Унија мора да биде поамбициозна, повеќе да бара од нас и да го забрза отворањето на можностите кои отсекогаш беа дел од платформата за поврзаност во рамките на Унијата, заклучи министерката Шекеринска.

На настанот, Шекеринска се осврнала и на евроатлантските амбиции на Северна Македонија, стои во соопштението.

Политичките одлуки можат навистина да ја забрзаат или застанат сеизимичката промена и доаѓајќи од земја која неодамна реши некои големи проблеми, гледам на сеизмичките промени како нешто позитивно, како на можност, а не како на ризик. Пред неколку години нашата земја беше во сериозна политичка криза – прашања како владеењето на правото, слободата на медиумите, човековите права беа систематски загрозувани, нагласи министерката.

Таа истакна и дека токму поради храбрите потези – Договорот со Бугарија и историскиот Договор со Грција, очекуваме нашата земја да стане следната членка на НАТО до крајот на оваа година, и да ги започне преговорите за членство со ЕУ во средината на октомври.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *