Дали ќе ги започнеме преговорите со ЕУ е многу важно за имплементацијата на Договорот од Преспа. Секоја одлука донесена сега, која нема да биде јасна во однос на отпочнувањето на пристапните преговори за Северна Македонија со ЕУ ќе го торпедира Договорот.
Ова го истакнува Љупчо Петковски од Центарот за европски стратегии „Евротинк“, кој заедно со ЕЛИАМЕП и Фондацијата „Фридрих Еберт“ се организатори на јавна дискусија насловена „Нова влада, нов дискурс? Што се смени од Преспанскиот договор?“ што се одржа денеска во Скопје.
-Не сум приврзаник на грозни сценарија кога станува збор за политиката, но може да видам дека каква било негативна одлука, неизбежно ќе ја намали посветеноста на нашата влада за имплементација на овој тежок Договор, рече Петковски.
Според него, „страшните“ сценарија што новата влада, односно Нова демократија, ги најавуваше во предизборието и ветуваше ревизија на Договорот, сега омекнаа, особено по клучните работи како обвсрката на Грција да не не блокира во евроинтеграциите.
-Во однос на некои странични работи, како што се многуте документи кои беа потпишани од Владата на Ципрас и нашата влада, тие треба да се ратификуваат. Таа ратификација оди многу потешко отколку што се очекуваше. Меѓутоа мислам дека работите се ставени на шини и дека процесот ќе продолжи. Она што е побитно е дека ваквиот тип договори не се ратификуваат само од страна на владите, многу е побитно како тие се имплементираат, како ќе се подобрат односите меѓу општествата. Јас мислам дека ќе бидат потребни декади мразот на недоверба создаван низ декадите наназад да се стопи, рече Петковски.
Новинарот Ангелос Атанасопулос од угледниот грчки весник „То Вима“, коментирајќи ја изјавата на Киријакос Мицотакис на првата средба со колегата Зоран Заев од стапувањето на премиерската функција на маргините на ГС на ОН, дека тој не би го потпишал Договорот, но сега мора да го имплементира, вели дека таа на многу прецизен начин го опишува пристапот на новата грчка влада кон Договорот, дека не може да се повлечат од него и дека Атина нема да претставува пречка за евроинтеграцииите на Северна Македонија.
-Јасно е дека Грција се обврза барем пред Германија и други ЕУ – земји… особено дека нема да бара дополнителни услови за евроинтеграцијата на Северна Македонија. Ова е добар почеток, но сметам дека најважно е што ќе се случува на билатерално ниво. По три месеци од доаѓањето на власт грчката Влада се уште ја дефинира листата на приоритети, на која не е надворешната политика, туку економијата и инвестициите. Во однос на Преспанскиот договор и билатераланите односи со Северна Македонија, сметам дека тие ќе се однесуваат многу внимателно и треба да направат чекор назад за да видат како ќе продолжат со имплементацијата на Договорот, вели Атанасопулос.
Според него, критични се две прашања – Комитетот за учебници и Комитетот за трговските марки, чија работи е многу чувствителна и се следи со внимание и во двете земји, особено за трговските марки за кои има посебен интерес во Северна Грција, а ставот на грчката влада ќе се види од евентуалните промени во составот на членовите на комитетите. Нагласува и дека во сите последни грчки анкети негативен е односот кон Преспанскиот договор, што вели, можеби е последица на кампањата за предвремените избори, а медиумите можат да придонесат многу повеќе од она што досега е направено во анализата на Договорот.
За Ева Елерајт од Канцеларијата на Фондацијата „Фридрих Еберт“ во Скопје, Преспанскиот договор е од историско значење, но се уште е доста кревок и треба да се оживотвори. Затоа, нагласува, многу важно е да се среќаат луѓето од двете страни на границата, новинарите, но не за да разговараат само за успесите на Договорот туку и за проблемите и предизвиците што произлегуваат од него.
– Новинарите од Северна Македонија и од Грција треба меѓусебе да ги проверуваат фактите, да ги споредуваат сознанијата што постојат од двете страни на границата околу тековните настани, вели Елерајт.
Дебатата е дел од иницијативата која се спроведува повеќе од година и пол во делот на запознавање и на хармонизација на односите меѓу новинари од Северна Македонија и Грција во насока на надминување на недовербата. Одржувањето на дебатата е помогнато и од Амбасадата на Канада во Белград преку Канадскиот фонд за локални иницијативи.
Wow, amazing weblog structure! How long have you ever
been blogging for? you make running a blog glance easy.
The total look of your web site is fantastic, let alone the content
material! You can see similar here najlepszy sklep
Hey there! Do you know if they make any plugins to help with Search Engine Optimization? I’m trying to get my website to rank
for some targeted keywords but I’m not seeing very good results.
If you know of any please share. Cheers! I saw similar blog
here: AA List