Сега е идеално време да се пронајде решение за прашањето за името меѓу Македонија и Грција, порача од Солун американскиот амбасадор во Грција, Џефри Пјат.
Тој вчера попладне, како што пренесува МИА, по средбата со солунскиот градоначалник Јанис Бутарис, истакна дека промената на власта кај северниот грчки сосед го олеснува процесот.
Бутарис го информирал Пјат за неговите иницијативи за отворање на комуникацискиот канал со Скопје.
За време на средбата било разговарано и за учеството на САД, како почесна земја, на 83. Меѓународен саем во Солун (TIF).
Американскиот амбасадор посочи дека САД нема само да учествуваат на саемот, туку и ќе го промовираат настанот во Атина
Wonderful analysis! Your insights are very enlightening. For more detailed information, check out: DISCOVER MORE. Keen to hear your views!