Мислења за севкупните политички состојби во Северна Македонија, како и за предизвиците на дипломатијата на државата, биле разменети на денешната средба на претседателот Стево Пендаровски со делегацијата на здружението Дипломатски клуб – Скопје.
Претседателот Пендаровски, како што соопшти неговиот Кабинет, бил информиран за тековните активности на здружението, кое во себе обединува активни или поранешни дипломати.
На средбата претседателот Пендаровски истакнал дека во пресрет на очекуваната одлука за почеток на пристапните преговори со Европската унија, државата треба да ги насочи севкупните свои капацитети кон реализација на реформската агенда.
Претседателот Пендаровски изразил очекување дека Дипломатскиот клуб, имајќи го предвид севкупното искуство на неговите членови, ќе даде придонес кон унапредувањето и зајакнувањето на дипломатската мрежа на Северна Македонија, во насока на успешно креирање и воспоставување на регионалната и меѓународната билатерална и мултилатерална политика, а во контекст на ЕУ и НАТО интеграциите.