Замeник министерот за надворешни работи, Андреј Жерновски, денеска на проштална средба ја прими Ана Марија Сампајо Фернандез, вонреден и ополномоштен амбасадор на Бразил за Република Северна Македонија, со седиште во Софија.
Како што соопшти МНР, на разговорите било изразено взаемно задоволство од досегашниот развој на пријателските односи меѓу двете земји и истакната заложбата за натамошно продолжување на политичкиот дијалог и интензивирање на соработката во сите области од заеднички интерес.
Заменикот министер Жерновски, се посочува, и се заблагодари на Сампајо Фернандез за придонесот во унапредувањето на односите меѓу двете земји посакувајќи и успех и во нејзините идни активности.