Вежба „Национален одговор 19“ во штипската касарна

Во касарната „Јане Сандански“ во Штип од 16 до 20 септември се изведува вежба за справување со елементарни непогоди „Национален одговор 19“, која има за цел координација во работата на повеќе субјекти кои се ангажираат при справување со елементарни непогоди од различен обем.

На вежбата покрај Армијата на Република Северна Македонија, Министерството за одбрана и министерствата за внатрешни работи и за здравство, Центарот за управување со кризи и Дирекцијата за заштита и спасување, учествуваат и претставници од ЕВН, Црвениот крст, јавните претпријатија „Исар“ и „Стипион“ од Штип и општините Штип, Виница, Кочани, Чешиново-Облешево, Карбинци и Зрновци, соопшти ГШ на Армијата.

Во рамки на вежбата, вечер од 18.00 до 19.00 часот на градскиот плоштад во Штип ќе се одржи отворен ден за граѓаните на која со свој персонал и техничко-материјални средства ќе се претстават Армијата, МВР, ЦУК, ДЗС, Црвениот крст, ЕВН, и општинските сили за управување со кризи.

На вежбата „Национален одговор 2019“ која е прва од ваков тип прв пат е употребен систем за командување со инциденти во кризни ситуации „НИКС“ од Центарот за управување со кризи.

Завршните активности на вежбата ќе се реализираат во текот на утрешниот ден во касарната „Јане Сандански“ кога ќе биде и Ден за високи гости, на кој ќе присуствуваат повеќе претставници од институциите кои учествуваат на вежбата.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *