Соопштение за јавност во врска со иницијатавата за реформа на изборниот модел

Македонската Алијанса ја поздравува иницијативата на 12 пратеници за промена на изборниот модел. Фактот што се работи за пратеници на владејачкото мнозинство дава надеж дека притисокот врз најодговорните политички фактори дополнително ќе расте. Промената на изборниот модел е од суштинска важност за развој и унапредување на Македонската демократија.

Според нас, реформирањето на изборните правила со кои во основа ќе се дефинира една, наместо досегашните шест изборни единици, заедно со принципот на отворени листи, без изборен праг, е чекор напред кон дополнително унапредување на Македонската демократија. Ваквата промена на изборниот модел кој ќе обезбеди вклучување на гласовите на дијаспората од Европа, САД и Австралија во рамките една изборна единица, конечно ќе ги затвори сите дилеми во врска со изборниот легитимитет на претставниците на Дијаспората во Македонскиот Парламент. Упорното оспорување на легитимитетот на гласовите на Дијаспората, воопшто не оди во прилог на создавање на силна Татковина, која се грижи за својата иднина, бидејќи сите високо развиени држави креираат стратегии за унапредување на врските со иселениците. На нашата Татковина и е потребна долгорочна Државна стратегија за привлекување на поновите генерации Македонци од Дијаспората кои треба да бидат мотивирани да земат активно учество во општествено-политичкиот живот во Татковината.  Само така, исклучиво на принципиелна основа може да се градат уште посилни партнерства и сојузништва за обединета и силна Татковина. Промената на изборниот модел ќе обезбеди баланс на моќта меѓу големите и помалите политички чинители, кои стануваат клучен фактор за развојот на демократските односи и политичкиот дијалог во Татковината. 

ЦРНО БЕЛАТА ПОЛИТИЧКА МАПА НЕ И ДОНЕСЕ НИШТО ДОБРО НА ТАТКОВИНАТА! ДОСТА НИ Е ОД ПРАТЕНИЦИ СЛЕПИ ПОСЛУШНИЦИ! ВО СЛЕДНИОТ СОСТАВ НА МАКЕДОНСКОТО СОБРАНИЕ СЕ ПОТРЕБНИ ПРАТЕНИЦИ СО ЧЕСТ, УГЛЕД, ЛИЧЕН ИНТЕГРИТЕТ И ПРОФЕСИОНАЛЕН БЕКГРАУНД ЗА ДА ОДГОВОРАТ НА ПРЕДИЗВИЦИТЕ КОИ СЛЕДАТ! МАКЕДОНСКАТА НАЦИЈА НЕ СМЕЕ И ПОНАТАМУ ДА БИДЕ ЖРТВА НА АЛЧНИ ПОЛИТИЧАРИ КОИ ЈА ДОЖИВУВААТ ТАТКОВИНАТА КАКО СВОЕ ЧЕКМЕЏЕ!

НИКОГАШ СЕВЕРНА, МАКЕДОНИЈА ВЕЧНА!                                                                      

МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА

Претседател,

Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *