Димитров на средба со амбасадорите на земјите од Вишеградската група

 Mинистерот за надворешни работи Никола Димитров денеска имаше средба со амбасадорите на земјите од Вишеградската група во која членуваат Чешката Република, Полска, Унгарија и Словачка, соопшти МНР.

На средбата што ја организира амбасадорот на Чешката Република, земја која тековно претседава со Вишеградската група, министерот Димитров ги брифираше амбасадорите за последните внатрешно-политички случувања, резултатите во клучните реформиски области, во контекст на потребата од октомврискиот Совет на ЕУ да усвои одлука за отпочнување на пристапните преговори за членство во Европската Унија.

Димитров се заблагодари на досегашната поддршка на земјите од В4 на процесот на пристапување, како и на секоја од земјите од регионот поединечно. Оваа поддршка неодамна беше уште еднаш демонстрирана преку одржување на првиот Самит на премиерите од В4 и Западен Балкан, стои во соопштението од МНР.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *