Собранието ќе ги одржи 31., 30. и 12. седница

Собранието на Република Македонија денеска ќе ги одржи 31., 30. и 12.седница.

На 31.седница пред пратениците ќе се обрати генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

На дневен ред на 30. собраниска седница се предлог-законите за измени и дополнувања на законите за електронските комуникации, за внатрешни работи, за полиција, сите во прво читање. Пратениците ќе ги разгледаат и предлог-законите за Оперативно – техничка агенција и за следење на комуникациите, двата во прво читање.

На дневен ред на 12.седница е предлог – одлуката за утврдување на бројот на потпретседателите на Собранието на Република Македонија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *