Катица Јанева ќе одлучува дали ќе ги изземе Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски од „Титаник 3“

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева до 14 часот треба да одлучи дали обвинителите Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски ќе бидат изземени од предметот „Титаник 3“ на СЈО.

Претседателката на судечкиот совет Марија Клетничка по барањето на адвокатот на одбраната Еленко Миланов информира дека снимката со барањето ќе биде доставена до надлежните согласно законот за иземање на обвинителите. Според појаснувањето на обвинителката Фетаи, за нив, надлежен за изземање е нивната шефица Јанева.

Адвокатот Миланов, барањето за изземање го образложи дека е поради последните случувања во СЈО, кои според него, се изменети од минатата расправа до денеска, како и дека постои конфронтација меѓу обвинителката Јанева и обвинителите Фетаи и Бубевски.

Тој побара и целосен прекин на постапката до изнесување на Судот по нивното барање.

Во предметот „Титаник 3“ обвинети се Ејуп Аљими и Исмет Гури од ДУИ, кои се товарат дека како членови на Општинската изборна комисија во Чаир на локалните избори во 2013 година уништувале изборен материјал.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *