Жан Митрев редовен член во Европската академија на науките, уметностите и книжевностите

Kардиохирургот Жан Митрев денеска е прогласен за редовен член на Европската академија на науките, уметностите и книжевностите.

Претседателот на Европската академија на науките, уметностите и книжевностите Жан-Патрик Конрад му го врачи сертификатот на Митрев и истакна дека тој е херој и предводник на независните и иновативни активности во Македонија.

Митрев изјави дека е почестен што ја добива титулата и додаде оти таа е потврда за она што го работи.

– Се што сум направил досега е со цело срце, во насока за мојата држава и за мојот народ. Да докажеме дека се е можно и тука, не само на некои други места, далеку одовде. Мојата цел е да им покажам и на младите луѓе дека има можности и во нашата земја. Потребно е многу страст и вложување многу напори за да се остварат сите овие замисли, желби и соништа, рече Митрев.

На прогласувањето, што се одржа во Клиниката Жан Митрев, присуствуваа амбасадорот и генерален секретар на Academia Balkanica Europeana Јордан Плевнеш, ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје Никола Јанкуловски, директорот на Фондот за здравство Ден Дончев, академици, универзитетски професори… 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *