Изложба во ателјето на Мирослав Масин по повод Роденденот на уметноста

Асоцијацијата за култура ИКОН и уметникот Мирослав Масин вторпат со изложба ќе го обележат Роденденот на уметноста кој во светот се прославува на 17 јануари.

Во ателјето на Масин ќе биде отворена изложбата „Во слава на уметноста“ на која покрај негови ќе бидат претставени и дела на уметниците: Денис Боувен, Владимир Георгиевски, Никола Иванов – Балтон, Бернхард Холеман, Омер Калеши, Илија Аџиевски, Павле Кузманоски, Решат Амети, Петар Попчев, Татјана Манева, Новица Трајковски, Ставре Димитров – Стадим, Емил Шулајковски, Страхил Петровски, Росица Лазеска, Дејан Иванов – Маргуш и Стојан Ѓуриќ.

Ателјето на Мирослав Масин ќе биде отворено од 14 до 20 часот зашто 17 јануари е и негов роденден. За светски роденден на уметноста 17 јануари е прогласен во 1963 година од францускиот уметник Робер Фију, припадник на групата „Флуксус“.

– Фију предложил овој ден да се празнува како ден на трајната врска на уметноста со нашите животи, па дури и да се воспостави како државен празник за славење на уметноста. Робер Фију во 1963 година изјавил дека пред 1 000 000 години немало уметност, но еден ден, попрецизно на 17 јануари според неговата имагинација, уметноста била родена. Во 2018 година според Фију ја прославуваме 1 000 055-годишнината од раѓањето на уметноста, соопшти  Асоцијацијата за култура ИКОН.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *