Седма интервенција на терен на Планинската служба за спасување во Охрид

Неодамна формираната Планинска спасителна служба за Охридскиот регион денеска ја имаше седмата по ред интервенција на терен, каде спасуваше повреден велосипедист.

Според информациите од Службата, околу 13 часот добиле повик од група планински велосипедисти од Холандија кои информирале дека еден од нив паднал при возење на патеката во месноста наречена Трпејчко поле, при што се здобил со повреда на десниот колк.

Тричлената екипа од Планинската служба за спасување со теренско возило веднаш излегла на терен, лицето било лоцирано и транспортирано до Пештани, од каде било преземено од страна на Службата за итна медицинска помош од Охрид. Холандскиот турист потоа бил префрлен и згрижен во Специјалната болница за ортопедија „Св. Еразмо“ во Охрид.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *