Интернационален музички камп во Берово

Група од 30 студенти од Америка во изминатата една недела го реализираа Музилкиот интернационален камп во Берово. Како што информираше магистерот по музилки уметности, Ферисан Зекиров, се работи за пилот-проект, кој има за цел доближување на културите од двете земји.
-За првпат во Општина Берово се одржа пилот-проект „Музички интернационален камп“ на кој учествуваа 30 студенти од Калифорнија, Њујорк, Њу Џерси и други држави кои свиреа на различни инструменти. Се работи за „Брас“ секција со која заедно соработувавме и за два дена направивме концерт на плоштадот „Димитар Беровски“ во Берово. Концертот го реализиравме за да може да види публиката што имаме сработено. Тоа мислам дека е од огромно значење за поврзување на различни култури, македонската, ромската и американската, вели Зекиров.
За време на тридневениот престој странските музичари се интересирале најмногу за македонскиот фолклор, при што успеале да сработат четири песни од групата Малешевски мелос.
– Пред да дојдат овде студентите имаа средба со претставници од културата во град Сурдулица, а потоа како најстар оркестар го одбраа оркестарот Малешевски мелос, со што научија многу нови техники и методи кои ќе можат да ги презентираат во Америка, додава Зекиров.
Освен со студентите од Америка на поле на музиката, како што дополнува Зекиров, тој соработувал и со музичари од Франција кои секоја година  доаѓаат самоиницијативно со цел  да ја изучуваат македонската и ромската музика и тоа да го пренесуваат во нивната држава.
Активностите за продолжување на овие пријателства според најавите ќе продолжат и во иднина со тоа што музичари од Берово под водство на Зекиров ќе учествуваат на возвратниот музички камп наредната година.
Летниот музички камп кој се одржа во Берово е дел од проектот на Американската амбасада за зближување на младите од Америка и Македонија и новна соработка преку музиката.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *