СЕ ПОДГОТВУВА ОТКАЗ ЗА ЗИДАН

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, подготвува отказ за Зинедин Зидан. Реал игра очајно слабо, одбраната на титулата е невозможна поради заостатокот од 19 бодови зад Барселона, атмосферата во соблекувалната е катастрофална, а најдобриот фудбалер на Реал, Кристијано Роналдо најавува заминување од клубот. Чашата ја прели и минатонеделниот пораз од Виљареал од 0-1 и тоа беше знак Перез сериозно да почне да размислува за замена на Зидан.

Според медиумите во Шпанија, новиот тренер е Германец иако сеуште неговото име не се споменува. Освен тренерот, во Реал ќе бидат донесени и фудбалери од типот на Кејн, Нејмар, Дибала и т.н.

Сепак Реал е клуб со реноме и Перез не смее да дозволи понатамошна бламажа.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *