ЕХФ ЈА КАЗНИ МАКЕДОНИЈА

Европската куќа на ракометот ја казни македонската репрезентација со 2000 евра. Казната е поради шаренилото во опремата која ја носат нашите ракометари.

Имено, поради различните чорапи, казната изнесува 1000 евра, а поради “стреч-гаќиците” кои се носат под шорцевите и кои не смеат да се гледаат, изречена ни е дополнителна казна од 1000 евра.

Да е иронијата поголема, поради истата работа бевме казнети и на минатото ЕП, но лекцијата не ја научивме.

Па сепак можеби е тоа и добро. ЕХФ нека казнува, ние нека победуваме. Којзнае, можеби тоа ни носи и среќа.

One thought on “ЕХФ ЈА КАЗНИ МАКЕДОНИЈА

  1. What a compelling and insightful read! The author did a fantastic job. I’m curious to know how others feel about this topic. Click on my nickname for more engaging discussions.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *