Делегација на Град Скопје и Шилегов положија цвеќе за загинатите во земјотресот од 1963 година

Домашни и странски делегации денеска положија цвеќиња на градските гробишта во Бутел, пред споменикот на загинатите од катастрофалниот земјотрес во 1963 година во Скопје.

Во чест на загинатите, цвеќе положи и официјална делегација на Град Скопје предводена од градоначалникот Петре Шилегов, а составена од секретарот на Град Скопје Викторија Аврамовска-Мадиќ и претседателката на Советот на Градот Љубица Јанчева. Цвеќе положи и делегација на Советот на Град Скопје, составена од советничките Ирена Попова, Халиде Палоши и Соња Глинџарска.

 

Со положување цвеќе почит на жртвите во земјотресот во Скопје што се случи пред 56 години, дадоа и делегација од државниот врв на Република Северна Македонија, делегации составени од претставници од политичките партии, делегации од сите општини во Град Скопје, претставници од Црвениот крст на Град Скопје, претставници од јавните претпријатија и јавни културни установи на Град Скопје, претставници од институции во нашава земја, граѓани…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *