МАКЕДОНСКИ МОНЕТАРЕН ФОНД, ЗА ЗАШТИТА НА МАКЕДОНИЈА И МАКЕДОНЦИТЕ

МАКЕДОНСКА ГЛОБАЛНА КООРДИНАТИВНА МРЕЖА-КАНАДА
Македонија е под опосервација на специјални надворешни и внатрешни сили за промена на името на државата и идентитетот на нацијата! Се врши ревизија на јазикот, културата и историјата на Македонскиот народ, доведена е во прашање автокефалноста на Македонската Црква, во Македонската држава се врши денационализација и асимилација што го загрозува Македонскиот народ во целина, Во Македонија се врши тивко етничко чистење врз Македонците, се воведува двојазичност на целата територија и во меѓународните односи… Во Македонија се врши рекомпонирање на државноста и унитарноста… Рекомпонирањето на власта на последните парламентарни и локални избори е со цел промена на името на државата и идентитетот на нацијата, и притоа не се избираат средства за постигнување на таа цел. На политичката сцена владее реваншизмот, неистомисленците се заплашуваат и бркаат од работа, патриотите лежат во затворите .. Македонците во светот, како нераскинлив и неотуѓив дел од Македонскиот народ чии корени се во Македонија, имаат историска и морална обврска да помогнат во одбрана на татковината! Во одбраната на името на државата и идентитетот на нацијата, на македонските организации во Македонија им треба нашата морална и финансиска поддршка. Неодложно е потребно семакедонско помирување и обединување во целиот свет за одбрана на името на државата и идентитетот на нацијата! Со Македонија не’ има во целиот свет, без Македонија ќе исчезнеме сите заедно! По тој повод, на 19 ноември 2017 година во Торонто Канада беше формирана Македонска Глобална Координативна Мрежа – Канада (Macedonian global coordinative network – Canada), како сојуз на македонски организации во Канада кои се дел од Македонската Глобална Координативна Мрежа (Macedonian global coordinative network). Македонската Глобална Координативна Мрежа е глобален систем за семакедонско помирување и обединување на Македонците во татковината и во светот, за долгорочна поддршка на македонските организации и Македонците кои работат на зачувување и унапредување на македонските национални и државни интереси. Македонската Глобална Координативна Мрежа-Канада e дел од Македонската Глобална Координативна Мрежа. Основни цели на Македонска Глобална Координативна Мрежа-Канада се: 1) Соработка, координација и размена на искуства и информации меѓу бројните македонски организации во Канада и со бројните македонски организации во целиот свет заедно во рамките на Македонската Глобална Координативна Мрежа, и (2) Формирање на постојан Македонски Монетарен Фонд – ММФ (секоја држава членка во Македонска Глобална Координативна Мрежа има свој фонд) за донации на македонски организации и Македонци за остварување на целите и задачите на Македонската Глобална Координативна Мрежа. Вашите донациите ќе бидат транспарентно донирани, транспарентно употребени за заштита на Македонските Национални Интереси и логистички потреби на Македонските Патриотски Организации членки на Македонската Глобална Координативна Мрежа во Македонија . МАКЕДОНИЈА Е СЕ ШТО ИМАМЕ!

One thought on “МАКЕДОНСКИ МОНЕТАРЕН ФОНД, ЗА ЗАШТИТА НА МАКЕДОНИЈА И МАКЕДОНЦИТЕ

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *