Најдоговорно тврдам дека на ниту еден начин, ниту свесно, ниту несвесно, ниту со сторување, ниту со несторување не сум ја злоупотребила должноста која во моментов се уште ја извршувам и јавно ги охрабрувам правосудните органи да ги расчистат сите околности за случајот „Рекет“.
Ова денеска на прес-конференција во СЈО го изнесе обвинителката во оставка Катица Јанева.
-Точно е дека многу лица од јавниот и политичкиот живот се познаваме со Бојан Јовановски. Не сум криела дека мојот син работи во 1ТВ и дека на дневна основа комуницира со лицето, кое е осомничено, но тоа не значи дека некој стекнал право да ја користи мојата службена должност за да остварува привилегии и незаконити дејства, рече Јанева и додаде дека очекува транспарентна постапка за да се стави крај на сите информации, со кои како што рече, „некој се обидува да им нашетети на мојот углед и чест“.