МАКЕДОНИЈА Е ШАНСАТА НА ЦРНА ГОРА

Како поранешен селектор на Македонија, селекторот на Црна Гора, Драган Ѓукиќ, добро знае што може да очекува од вечерашниот натпревар. Уште пред почетокот на првенството, Црна Гора својата шанса за успех на ова ЕП ја гледаше токму во овој дуел. И сега е така, иако по победата на Македонија над Словенија, Ѓукиќ, многу повнимателен отколку претходно изјави:

-Македонија на првиот натпревар покажа извонредна психолошка зрелост.Сега и мотивацијата е поголема, а позади себе ќе има огромна поддршка од своите навивачи. За нас воопшто нема да биде лесно. Сепак пред почетокот на првенството ние истакнавме дека ако во некој натпревар имаме шанса за победа, тоа ќе биде токму натпреварот со Македонија. Македонија е изразит фаворит на овој натперевар и се освен победа на Македонија ќе биде големо изненадување на првенството.

На голот на Црна Гора се враќа извонредниот Небојша Симиќ, но добра вест за нас е што иако се жалеше на повреда, Филип Миркуловски сепак ќе се најде во составот на Раул Гонзалес.