СО “ЛАДНИ ГЛАВИ” ПРОТИВ ЦРНА ГОРА

Црна Гора е вториот противник на Македонија на ЕП кое се одржува во Хрватска. По победата над Словенија (25-24), нашата селекција има огромна шанса за победа а со тоа да обезбеди и пласман во втората фаза во која ќе пренесе и два бода кои во битката за висок пласман можат да бидат и тоа како значајни. Црногорците загубија од Германија, очекувано, (19-32), но сметаат дека нивна шанса е токму Македонија, на која се фокусираат цело време. Тоа значи дека вечерва во 20:30, кога почнува овој дуел, Македонија ја очекува извонредно тежок меч.

-Знам дека црногорците се фокусираат токму на овој натпревар кој можат да го добијат доколку одиграат добро. Ние мораме да ја заборавиме победата над Словенија во првото коло и да го дадеме максимумот во овој дуел. Нема да биде ни малку лесно, напротив мислам дека ќе биде потешко отколку против Словенија. Но, сепак сигурен сум дека веќе сме со “ладна глава” и дека фокусот на сите ракометари е насочен кон натпреварот со Црна Гора. Имаме респект кон нив, имаат одлични играчи кои играат во големи клубови. Липовина, Чавор, Мијатовиќ, се се тоа добри играчи. Имаат добра игра и имаат голема шанса против нас – изјави селекторот Раул Гонзалес.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *