Движење Беса: Кога Владата ќе даде одговори на нерасчистените случаи

Неуспесите на оваа Влада не престанаа. Свесни сме дека оваа Влада на СДСМ-ДУИ го загуби патот во сопствениот двор, па денеска сме тука да ги потсетиме на неуспесите или случаите кои немаат епилог, а се случиле во владите што имаат заеднички именител ДУИ, кои еднаш со ВМРО-ДПМНЕ, а сега и со СДСМ, се чувствуваат удобно во владините столчиња и се чини дека се обидуваат со текот на времето да замолчат случаи кои имаат премногу големи индикации дека тие се монтирани, истакна Елмедин Мемиши, портпарол на Движењето Беса на денешната прес-конференција одржана пред Влада.

Мемиши јавно праша кога оваа држава ќе даде одговори за случаите Сопот, Бродец, случајот Алфа, „ликвидација на Харун Аљиу и неговите пријатели“, Монструм, малиот Алмир, Диво насеље, оониските казни за македонските убијци во споредба со големите казни за Албанците, Луботен итн.

– Ова се прашања за кои се уште нема одговор или подобро кажано дека некој се обидува да ги сокрие. Ве потесетуваме дека полицискиот распит на активистите на Движењето Беса се одвиваше неколку часа, додека расветлувањето на овие случаи што ги споменавме се покрива со години. Дали ова е владеење на правото, како што вети СДСМ? Дали на ваков начин ова земја бара зачленување во Европската Унија? Ние велиме Не, оваа Влада е влада за убивање на надежда на младите луѓе, па затоа заминувањето на оваа Влада е неопходно, рече Мемиши.

Додека се создадат услови за заминување на оваа Влада, изјави тој, ние им ја оставаме оваа кутија полна со сите овие случаи што ги наброивме, со цел Владата СДСМ-ДУИ да ги има како сеќавање затоа што не успеа да ги реши овие случаи.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *