Во грчкиот државен врв постои оптимизам за решение за името

Претседателот на грчкиот парламенти и алтернативниот министер за надворешни работи излегоа со оптимистички изјави за затворање на долгогодишниот спор меѓу двете земји. Никос Вуцис на државната ТВ ЕРТ, и Јоргос Катругалос за собранискиот канал, велат дека постои можност за решение, јавува дописникот на МИА од Атина.

-Задоцнивме многу години и сега кога постои различна корелација на политичките сили и ставови во пЈРМ, имаме важна шанса што не треба да се испушти. Јас сум оптимист, рече претседателот на грчкиот парламент, говорејќи синоќа во информативна емисија на грчката државна ТВ ЕРТ.

Никос Вуцис вели дека постои интерес за решение од многу страни, како што се Европската унија, НАТО и соседните земји.

Со речиси идентични изјави како претседателот на парламентот е и алтернативниот министер за надворешни работи на Грција. Јоргос Катругалос, вели дека „топката е на теренот на другата страна која одговара позитивно“.

-Убеден сум дека ќе стигнеме до решение што ќе биде национални поволно и ќе има поддршка, не само од нашиот коалиционен партнер, туку и од мнозинството политички сили во парламентот, рече Катругалос во интервјуто за собранискиот канал, пренесува грчката новинска агенција АПЕ-МПЕ.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *