Изготвен нов текст на Предлог-законот за приватните агенции за вработување

Министерството за труд и социјална политика денеска информира дека во последните месеци од минатата година е изготвен нов текст на Предлог законот за приватните агенции за вработување. Во процесот беше обезбедено широко учество на сите засегнати страни, вклучително и на постоечките агенции за посредување за вработување и  агенции за привремени вработувања.

– Основањето и функционирањето на постоечките два типа на приватни агенции за вработување, агенциите за посредување за вработување во земјата и во странство и агенциите за привремени вработувања, беше уредено со два посебни закони: Законот за агенциите за привремени вработувања и Законот за вработувањето и осигурување во случај на невработеност. Ваквото уредување на материјата, која по својата суштина е многу слична, честопати доведуваше до забуна и правна несигурност кај  потенцијалните кандидати за вработување и основачите  на агенции, укажуваат од МТСП.

Цел на Предлог-законот е да постои единствено регулирање на приватните агенции за вработување и надминување на постојните проблеми при имплементација на законите, кои како предмет на уредување ги имаат приватните агенциите за вработување, како и заштита на работниците вработени преку овој вид на агенции од можни злоупотреби.

Предлог-законот за приватните агенции за вработување беше ставен на разгледување на седница на Економско-социјалниот совет  на која присуствуваа и преставници од агенциите. Советот, како национално трипартитно тело даде позитивно мислење за предлог Законот, и истиот е доставен до Владата на Република Македонија, се вели во соопштението од МТСП.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *