СЕ НАМАЛУВА ОПТИМИЗМОТ ДЕКА ЌЕ ДОБИЕМЕ ДАТУМ ВО ОКТОМВРИ! МАКРОН ДИРЕКТНО ПОРАЧА ДЕКА СЕ ПРОТИВИ НА ПРОШИРУВАЊЕТО ПРЕД РЕФОРМИРАЊЕ НА ИНСТИТУЦИОНАЛНОТО ФУНКЦИОНИРАЊЕ ВО ЕУ! ИСТОТО ГО НАЈАВИ И БОРИСОВ!

 

За жал, се што ја предупредувавме немакедонската Влада полека станува реалност. Од пред некое време во ЕУ, на иницијатива на Франција и Германија, циркулира нон-пејпер со кој се заговара нов модел на пристапување како замена за досегашното проширување на ЕУ. Јавна тајна е дека ако Македонија не започне преговори со ЕУ до крајот на 2020, дефинитивно го пропуштаме и последниот воз за интеграција во постоечкиот формат во ЕУ.

 

МАКРОН И МЕРКЕЛ ОДАМНА ТРЕБАШЕ ДА ИНИЦИРААТ РЕФОРМА ВО ОДЛУЧУВАЊЕТО! СО ДЕЦЕНИИ НЕПРАВЕДНО НЕ УЦЕНУВАШЕ ГРЦИЈА ЗОШТО ГОЛЕМИТЕ СИЛИ ИНСИСТИРАА НА КОНСЕНЗУС! ОТКАКО ГО ИНСТАЛИРАА ЗАЕВ ДА ГО ПРОМЕНИ ИМЕТО И ИДЕНТИТЕТОТ ПО ГРЧКИ ТЕРК, НЕ САМО ШТО ВИСИ ДАТУМОТ ЗА ПРЕГОВОРИ, ТУКУ СЕГА ДОПРВА НАЈАВУВААТ ИНСТИТУЦИОНАЛНИ РЕФОРМИ!

 

Со децении предупредувам на ЕУ лицемерието. Пред референдумот се редеа високи функционери на ЕУ да ги охрабруваат Пендаровски, Заев, Димитров и Шекеринска да направат предавството, сега чекор по чекор, ги пуштаат низ вода. Исто како Глигоров и Црвенковски, така и оваа генерација на СДСМ, реши да го жртвува сопствениот народ и наивно ги прифати сите иредентистички и срамни уцени на Грција и Бугарија! Пред повеќе од 10 години не беше доволна Времената Спогодба, сега е можно да се повтори историјата и Преспанската Спогодба да не е доволна за ЕУ! 

 

ЖАЛНО Е КОЛКУ СТЕ ГЛУВИ НА АПЕЛИТЕ НА ДИЈАСПОРАТА! НИЕ СО ДЕЦЕНИИ ВО САД ВОДИМЕ БИТКИ СО МОЌНАТА ГРЧКА ДИЈАСПОРА И БУГАРСКИТЕ ИРЕДЕНТИ! ТОЧНО ЗНАЕМЕ И НА СВОЈА КОЖА СМЕ ГИ ОСЕТИЛЕ НИВНИТЕ ВИСТИНСКИ НАМЕРИ! ПРЕСТАНЕТЕ ДА ЈА ПЛАШИТЕ НАЦИЈАТА ДЕКА НИЕ ИСКРЕНИТЕ ПАТРИОТИ СМЕ НАЦИОНАЛИСТИ И ЌЕ СМЕ ЈА ЗАГЛАВЕЛЕ ЗЕМЈАТА ВО МИНАТОТО! НЕ, НИЕ СМЕ ВИЗИОНЕРИ И СМЕ ДАЛЕКУ ПРЕД ВАС! ЗАТОА, ПРЕДАВНИЦИТЕ ЌЕ МОРА ДА ПОНЕСАТ ОДГОВОРНОСТ ЗА ЗЛОДЕЛАТА КОИ И ГИ ПРИЧИНИЈА НА МАКЕДОНСКАТА НАЦИЈА! 

 

СЕ ШТО Е МАКЕДОНСКО И СВЕТО ТРЕБА ДА СЕ ВРАТИ НАЗАД! САМО ГОРДА И ИСПРАВЕНА МАКЕДОНИЈА МОЖЕ ДА НАПРЕДУВА И ДА ОБЕЗБЕДИ СИГУРНА ИДНИНА!

 

МАКЕДОНСКАТА ДИНАСТИЈА ЌЕ БИДЕ ВОЗОБНОВЕНА СО СИТЕ НАЦИОНАЛНИ ОБЕЛЕЖЈА! 

 

НИКОГАШ СЕВЕРНА, МАКЕДОНИЈА ВЕЧНА!

 

                                                                                          Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

                                                                                                   Претседател,

                                                                                          МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА          

SHARE