Димитров на состанок на Организацијата за црноморска економска соработка во Софија

Mинистерот за надворешни работи на Република Северна Македонија, Никола Димитров, на покана на шефот на бугарската дипломатија Екатерина Захариева, во улога на земја претседавач со Организацијата за црноморска  економска  соработка, денеска во Софија,  ќе  учествува на 40-тиот Состанок на Советот на министрите на Организацијата.

Се очекува, како што соопштија од МНР, на состанокот на Советот на министрите на Организацијата за црноморска  економска  соработка, Република Северна Македонија да стане рамноправна членка на оваа организација.

Министерот Димитров е предвидено да има свое обраќање во кое ќе ги изнесе придобивките и можностите кои ги нуди членството во Организацијата за црноморска  економска соработка за земјите членки преку промовирање на духот на пријателство и добрососедство, како и продлабочување на заемното почитување, доверба и соработка, стои во соопштението.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *