Заев: Договорот со Бугарија е за пријателство и соработка, а не за проблеми и јавни препукувања

Со Бугарија потпишавме договор за пријателство и соработка, а не за проблеми и јавни препукувања. Се договоривме дека заедничките моменти од минатото треба да нѐ спојуваат, а не да нѐ раздвојуваат, порача денеска преку својот Фејсбук профил премиерот Зоран Заев.

– Искуствата од историските комисии ширум светот и Европа покажуваат дека соработката бара време, труд, трпение, почит кон другиот и голема взаемна посветеност. Но, пред сѐ, потребна е заедничка идеја да одиме напред. Ние знаеме дека таа идеја е жива и сме покажале дека за најделикатните прашања може да се најде заеднички јазик, ако се сака. За да успееме треба заедно да зрееме. Пријателството мора да биде двострано и взаемно, наведува Заев по јавно искажаните забелешки на бугарски официјални преставници за работата на заедничката комисија за историски прашања.

Последната беше упатена вчера од бугарскиот премиер Бојо Борисов од маргините на Самитот на ЕУ во Брисел.

– Македонците треба уште да созреат за да добијат датум за почеток на преговори за приклучување на ЕУ. Тие треба уште многу работи да поправат. Не ме разбирајте погрешно, но сѐ додека се спори дали е Гоце Делчев Бугарин или Македонец – таа ситна тема за едни херои што всушност биле за Бугарија и за Македонија, за родниот крај, и најубавите наши песни се сврзани со нив. И постојано опозицијата ме прашува што прави Комисијата. Нека созреат, рече Борисов пред почетокот на седницата на Европскиот совет во Брисел.

Вели дека бугарската страна „направила се“ и оти сега треба маедонската страна во комисијата да направи компромис.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *